0_Спорт.ПорталSport.SlajderРакомет

РК Еурофарм Пелистер без пет првотимци гостува во Швајцарија

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер на домашниот швајцарски тим Кадетен Шафхаузен ќе му се спротивстават без пет првотимци.

Шафхаузен, 2 март 2021 (МИА) – Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер на домашниот швајцарски тим Кадетен Шафхаузен ќе му се спротивстават без пет првотимци.

На последниот натпревар од групата „Д“ во европската ракометна лига, битолчани ќе настапат без голманот Хендави кој не доби виза за патување во Швајцарија, а во Битола останаа и Вегар, Кушан, Кузмановски и Кукуловски.

Средбата со домашниот тим е значајна за конечниот пласман во групата бидејќи со победа РК Еурофарм Пелистер ќе биде второпласиран, а со неуспех ќе остане на 4. место, а тоа значи дека за противник во следната натпреварувачка фаза ќе го има лидерот од групата „Ц“, најверојатно германскиот бундес лигаш Магдебург.

Претпладнево битолчани тренираа во ББЦ-Арена која ќе биде празна и вечер во 20.45 часот заради ковид-мерки. мт/зс/

Таг
Back to top button
Close
Close