0_Магазин.ПорталВидеоСцена

Риз Витерспун проговори за најтешката улога во животот

Риз Витерспун доби Оскар за „Одејќи по линијата“, но таа вели дека токму нејзината улога во „Дива“ e онаа што најмногу ја сменила како актерка.

Лос Анџелес, 16 јуни 2021 (МИА) – Глумицата Риз Витерспун доби Оскар за „Одејќи по линијата“ (Walk the Line), но таа вели дека токму нејзината улога во „Дивa“ (Wild) e онаа што најмногу ја сменила како актерка.

Витерспун во разговор за писанието „Интервју“ рече дека била „премногу исплашена“ да ја преземе улогата во филмот од 2014 година. Тој е заснован на мемоарите на Шерил Стрејд, со наслов „Дивa: Изгубена и пронајдена на патеката на пацифичкиот гребен“.

– Бев хипнотизирана, и толку бев исплашена… Имав напади на паника три недели пред да почнам со снимањето… Дел од тоа беше аспектот на голотијата, сексуалноста и употребата на дрога, но исто така и – да се биде сама пред камера, без други глумци, откри Витерспун која е главна улога, и продуцентка на филмот.

Приказната е за патувањето на Стрејд „кон самоспознавањето“, при што таа пешачела сама в пустина.

– Никогаш не сум била сама на снимање со денови и денови. Веројатно имаше 25 дена од снимањето каде немав друг глумец покрај мене. Бевме само јас, камерата и ранецот, раскажува Витерспун.

Според неа, филмот во основа ја прикажува моќта на жената и како секоја од нив е способна да се чува и грижи самата за себе.  си/сд/

Back to top button
Close
Close