0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политички партии

Ристовски: ИНТЕГРА ќе направи пресврт на политичката сцена

Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА ќе направи пресврт на македонската политичка сцена, изјави претседателот на таа партија Љупчо Ристовски за време на денешната промоција на програмата и кандидатите за пратеници во Битола.

Битола, 24 јуни 2020 (МИА) – Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА ќе направи пресврт на македонската политичка сцена, изјави претседателот на таа партија Љупчо Ристовски за време на денешната промоција на програмата и кандидатите за пратеници во Битола.

Според Ристовски, нивната политичка реторика ќе влијае врз изборот на граѓаните.

-Периодот на две застарени идеологии, на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изминува, нацијата созрева во политичка смисла, нивото на политичка култура е зголемено, а нашата политичка реторика влијае и луѓето очекуваат нешто ново, луѓето бараат трета опција, а ИНТЕГРА е таа опција. Убеден сум дека ќе направиме пресврт на политичката сцена, истакна Ристовски.

Претседателот на ИНТЕГРА го посочи фокусот на економскиот дел од нивната изборна програма и во таа смисла најави дека посакуваат да се мултиплицира материјалното богатство во татковината преку раст на бруто домашниот производ преку трансфер на капиталните инвестиции и субвенции во посебни приватни инвестициски фондови, односно посебен македонски инвестициски фонд.мт/см/

Back to top button
Close
Close