ЕвропаЕвропа.Портал

Римскиот аеродром прв во Европа воведува „паметни кациги“ за мерење температура

Римскиот аеродром „Фиумичино“ е првиот во Европа што воведува „паметни кациги“ за мерење на температурата со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Рим, 6 мај 2020 (МИА)Римскиот аеродром „Фиумичино“ е првиот во Европа што воведува „паметни кациги“ за мерење на температурата со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Станува збор за преносни уреди за мерење на температурата, односно термички скенери во облик на кацига што им овозможуваат на вработените на аеродромот да ја мерат телесната температура на патниците на терминалите на безбедно растојание и до седум метри.

Во случај уредот да потврди температура над 37,5 степени следува медицински преглед на патникот.

Тоа е дел од активностите според планот на аеродромот „Фиумичино“ за нормализирање на авиосообраќај што е можно поскоро, со максимална здравствена безбедност на патниците. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close