0_Спорт.ПорталОстанато

Рикардо смета дека Рено е побрз од Ферари

Возачот на Рено, Даниел Рикардо ги сумираше резултатите од трите почетни трки во сезоната. Неговиот тим се наоѓа на шестото место на шампионатот во поредокот на конструктори.

Лондон, 22 јули 2020 (МИА) – Возачот на Рено, Даниел Рикардо ги сумираше резултатите од трите почетни трки во сезоната. Неговиот тим се наоѓа на шестото место на шампионатот во поредокот на конструктори.

-На сите трки завршивме на осмото место. Мислам дека нашиот автомобил овозможува да сметаме на повеќе. На последните две трки, можевме да завршиме повисоко. Ние сме во состојба да го заземеме петтото или шесто место.

Изгледа дека сме малку побрзи од Ферари, а во Унгарија го победивме и Мекларен. Не сме многу далеку и од Рејсинг Поинт, изјави Рикардо за веб-страницата на Формула 1. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close