Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

РИК: Излезноста на изборите во Србија е 50,32, СНС освои 191 мандат во Собранието

Според податоците на Републичката изборна комисија, заснована на 70,57 проценти од обработените избирачки места, односно 64,07 проценти од обработеното избирачки тело, излезноста на вчерашните изборите во Србија изнесува 50,32 отсто од запишаните гласачи. Според РИК, на изборите гласале 2.122.773 гласачи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, распределбата на силите во парламентот остана иста како врз основа на вчерашните првични податоци - цензусот го поминаа само три листи: Српската народна паертија (СНС) на Александар Вучиќ, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ.

Белград, 22 јуни 2020 (МИА) – Според податоците на Републичката изборна комисија, заснована на 70,57 проценти од обработените избирачки места, односно 64,07 проценти од обработеното избирачки тело, излезноста на вчерашните изборите во Србија изнесува 50,32 отсто од запишаните гласачи. Според РИК, на изборите гласале 2.122.773 гласачи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, распределбата на силите во парламентот остана иста како врз основа на вчерашните првични податоци – цензусот го поминаа само три листи: Српската народна паертија (СНС) на Александар Вучиќ, Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ и СПАС на Александар Шапиќ.

РИК на прес-конференција соопшти дека во избирачкиот список се запишани 4.218.385 избирачи и дека гласале 2.122.773 или 50,32 проценти од запишаните избирачи.

На изборите според српските закони гласааа и српските државјани на Косово, во Република Српска во БИХ и во дипломатско-конзуларните преставнишва низ светот.

Кога станува збор за распоредот на 250 пратенички места во собранието, листата „Александар Вучиќ – за нашите деца“ освои најмногу гласови – 61,59 отсто од гласовите (191 мандат). Следи коалицијата на Социјалистичката партија на Србија и Обединета Србија (СПС-ЈС) со 10,37 отсто освоени гласови (32 места). Цензусот го помина и листата СПАС на градоначалникот на Нови Белград, Александар Шапиќ, која освои 3,64 отсто од гласовите (11 мандати).

Во парламентот влегоа и партиите и листите на националните малцинства, Сојуз на Унгарците во Војводина (10 места), листата на Муамер Зукорлиќ (две места), листата на Сулејман Угљанин ( две места) и коалицијата на албанските партии (два мандати).

Конечните резултати од изборите ќе бидат објавени најдоцна до четврток во 20 часот. об/сд/

Back to top button
Close
Close