Дописници МКДОпштински вести

Риболовното друштво „Хантер Фиш“ очекува средства од Општина Кичево за уредување на Осломејското езеро

За да можат да се организираат и големи меѓународни риболовни натпревари, на Осломејското езеро му се неопходни минимум 20 позиции крај езерото, на кои ќе бидат сместени риболовците учесници на овие натпревари. Поради немање на доволно средства, крај ова вештачко езеро волонтерски се создадени седум-осум позиции, кои според сите критериуми се недоволни за организација на големи натпревари, информираат од Риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево. 

Кичево, 5 февруари 2021 (МИА) – За да можат да се организираат и големи меѓународни риболовни натпревари, на Осломејското езеро му се неопходни минимум 20 позиции крај езерото, на кои ќе бидат сместени риболовците учесници на овие натпревари. Поради немање на доволно средства, крај ова вештачко езеро волонтерски се создадени седум-осум позиции, кои според сите критериуми се недоволни за организација на големи натпревари, информираат од Риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево.

На последниот натпревар одржан есеноска на ова езеро, присуствуваше и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој задоволен од изгледот на езерото, на риболовното друштво му вети повеќе грантови, со кои ќе се рекултивира крајезерскиот појас и ќе се создадат услови за одржување и на големи меѓународни натпревари.

-Во текот на овој месец очекуваме да биде објавен оглас за доделување на средства за невладини организации во општина Кичево.Се надеваме дека она што го вети градоначалникот есеноска, дека добар дел од овие средства ќе ги алоцира и ќе ги насочи за рекултивизација на крајезерскиот појас, за создавање услови за одржување на големи меѓународни натпревари. Според нашите проценки,  4-5.000 евра би биле доволни за изградба на уште 12 позоции, каде ќе можат да бидат сместени риболовците за одржување на големи риболовни натпревари, рече Мире Ночески, член на потесното раководство на риболовното друштво.

Ако не се исполнат дадените ветувања, тогаш од риболовното друштво најавуваат организирање на пријателски риболовни натпревари, кои нема да  бидат дел од официјалниот календар за годинава. за/мд/

Back to top button
Close
Close