0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Рибери се уште жали за „Златната топка“

Тогаш Рибери стана шампион на Германија со Баерн (Минхен), го освои Купот и Суперкупот на земјата, како и Лигата на шампиони.

Фиренца, 21 јуни 2020 (МИА) – Францускиот играч од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери, сè уште е разочаран што не ја доби „Златната топка“ во 2013 година.

Тогаш Рибери стана шампион на Германија со Баерн (Минхен), го освои Купот и Суперкупот на земјата, како и Лигата на шампиони.

Победник во 2013 година беше Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, кој во моментов е во Јувентус, а втор беше Лионел Меси од Барселона.

– Што повеќе можев да направам за да ја освојам „Златната топка“? Постигнав максимум во клубот и репрезентацијата. Беше тешко време за мене, но сепак останав човек на теренот и надвор од него, рече Рибери.

Таг
Back to top button
Close
Close