0_Магазин.ПорталДизајн

Ријана лансира нова линија женска долна облека

Брендот на пејачката Ријана, Севиџ икс Фенти, ја објави својата нова линија женска долна облека, а за кампањата ја ангажира танчарката, пејачка и модел - Нормани.

Лос Анџелес, 10 февруари 2020 (МИА) – Брендот на пејачката Ријана, „Севиџ икс Фенти“ (Savege x Fenty), ја објави својата нова линија женска долна облека. За кампањата, покрај себе, поп-ѕвездата ја ангажира и танчарката, пејачка и модел – Нормани.

Пастелните парчиња создадени од материјали како чипка и сатен, фотографирани среде цветни пејзажи, ја прават оваа кампања прилично романтична и совршено ја доловуваат енергијата на брендот.

Колекцијата е веќе достапна за купување преку страницата на копанијата, каде што има и прашалник со кој полесно ќе откриете кои парчиња најмногу ви одговараат. си/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close