Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ријад Ал-Малики: Израелскиот план за анексија на делови од Западниот брег е објавување војна против палестинскиот народ

Тој ова на видео-конференциска фрска го кажа пред Унијата на акредитирани новинари во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева (АКАНУ) каде кажа дека САД и Израел му објавиле војна на палестинскиот народ со прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел и со планот за анексија на Јорданската долина и незаконски изградените еврејски населби на окупираниот Западен брег.

Рамалах, 2 јуни 2020 (МИА) – Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад ал-Малики изјави дека планот на израелската Влада за анексија на делови од окупираниот Западен Брег е еден вид објавување војна против палестинските интереси.

Тој ова на видео-конференциска фрска го кажа пред Унијата на акредитирани новинари во Канцеларијата на Обединетите нации во Женева (АКАНУ) каде кажа дека САД и Израел му објавиле војна на палестинскиот народ со прогласувањето на Ерусалим за главен град на Израел и со планот за анексија на Јорданската долина и незаконски изградените еврејски населби на окупираниот Западен брег.

-Не само што го кршат Договорот од Осло, туку на тој начин тие го убиваат решението што е темелено на воспоставувањето на две држави. Тие ја убиваат можноста за воспоставување независна палестинска држава. На крајот на краиштата, тие ја убиваат секоја страст меѓу Палестинците. Тоа така стана вистинска објава на војна, рече Ал- Малики.

Истакнувајќи дека САД  веќе не можат да бидат единствениот модератор на блискоисточните мировни процеси, тој рече дека САД ја одбрале својата страна и сега прават се што е во интерес на Израел, јави агенцијата Анадолија.

-Ние веќе не им веруваме. На крајот на краиштата, САД веќе не се чесен модератор. Не може да биде повеќе, рече Ал-Малики.

Истакнувајќи дека палестинската страна ги прифати сите предлози и одлуки на институциите на Обединетите нации, тој рече дека израелската страна ги прегази сите предлози и го прекрши меѓународното право.

-Новоформираната израелска Влада го почна својот мандат со објавување на одлуката дека анексијата на палестинска земја на Западниот Брег е еден од нејзините приоритети. Тоа е објавување на војна против палестинските интереси. Окупаторскиот режим стои зад таканаречениот мировен план на САД, што целосно го отфрливме , рече Ал- Малики.

Шефот на палестинската дипломатија понатаму кажа дека израелскиот премиер се соочува со големи корупциски скандали и дека сака да ја спаси својата политичка кариера со планот на анексија на штета на палестинскиот народ. сд/

 

Back to top button
Close
Close