Svet.SlajderСветСвет.Портал

Резолуција на ОН со осуда за системски расизам, без да се спомене САД

Советот за човекови права на ООН едногласно усвои резолуција во која се осудува системски расизам и полициско насилство, по историска дебата и повлекување на дел од текстот насочен кон САД.

Женева, 19 јуни 2020 (МИА) – Советот за човекови права на ООН   едногласно усвои резолуција во која се осудува системски расизам и полициско насилство, по историска дебата и повлекување на дел од текстот насочен кон САД.

Советот со седиште во Женева, од кој се повлече Вашингтон во 2018 година, ја усвои со консензус резолуцијата донесена од африканските земји за време на вонредниот состанок свикан по смртта на Џорџ Флојд и масовните протести против расизмот ширум светот.

Афроамериканецот Флојд беше убиен од белец полицаец за време на апсењето на 25 мај во Минеаполис.

Во првичната верзија, резолуцијата бара формирање независна меѓународна истражна комисија за да се расветли „системскиот расизам“ во САД. Тоа обично се прави во случај на големи кризи како што е војната во Сирија.

Но, текстот постепено се разредуваше и повеќе не беше насочен против САД, кои беа критикувани од невладините организации кои го обвинија Вашингтон за вршење притисок.

Се повикува само високиот комесар за човекови права Мишел Бачелет да подготви извештај за „систематски расизам, кршење на меѓународното право кога станува збор за човекови права и лошо постапување на силите на редот со Африканците и луѓе со африканско потекло“. зш/

Back to top button
Close
Close