Svet.SlajderСветСвет.Портал

Режимот за намалено насилство во Авганистан стапува на сила на полноќ по локално време

Намалувањето на насилството ќе започне од 22 февруари и ќе трае една недела, рече Џавед Фајсал, портпарол на Советот за национална безбедност на Авганистан.

Кабул, 21 февруари 2020 (МИА) – Авганистански претставник денеска соопшти дека еднонеделното „намалување на насилството“ меѓу талибанците, САД и авганистанските безбедносни сили ќе почне многу брзо. Изјавата е дадена пред можното потпишување договор меѓу Вашингтон и бунтовниците.

– Намалувањето на насилството ќе започне од 22 февруари и ќе трае една недела, рече Џавед Фајсал, портпарол на Советот за национална безбедност на Авганистан. зш/

Back to top button
Close
Close