0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вестиПолитика

Шекеринска: Ресен доби нов градски пазар, Владата инвестираше милијарда евра во инфраструктура

Во Ресен денеска е отворен нов градски пазар. Проектот е реализиран со 3,5 милиони денари што Министерството за локална самоуправа ги обезбеди преку Програмата за регионален развој.

Ресен, 22 јуни 2020 (МИА) – Во Ресен денеска е отворен нов градски пазар. Проектот е реализиран со 3,5 милиони денари што Министерството за локална самоуправа ги обезбеди преку Програмата за регионален развој.

 

-Како Влада решивме да промениме многу состојби во државата и во изминатите три години наместо трошење и фрлање пари на илјадници споменици, се сконцентриравме на тоа што значи живот, а тоа се пазари, улици, училишта и болници, истакна вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на отворањето на новиот пазар во Ресен.

Според Шекеринска, проектот нов пазар во Ресен кој е сменет од корен и со современ лик, е резултат на тимска и домаќинска работа и соработка меѓу локалната и националната власт.

-Во изминатите три години насочивме милијарда евра кон инфраструктура, градевме со план и не градевме за некој да создава свои проекти туку за граѓаните да имаат подобар живот дома. Очекуваме во следните четири години дополнителни две милијарди евра да ги насичиме во подобар живот, во инфраструктура, да ги насочиме во јавни услуги од кои зависат квалитетот на животот на сите граѓани. Токму поради тоа можни се вакви проекти каков што во Ресен е новиот градски пазар, но и бројни улици, а тоа граѓаните секојдневно го гледаат, истакна Шекеринска.

Министерот за локална  самоуправа Горан Милевски и неговиот заменик Дејан Павлевски информираа дека за изградба на пазарот во Ресен, Министерството вложи 3,5 милиони денари.

-Изградбата се одвиваше квалитетно и за неполна година заврши со што ресенчани ќе користат еден од најсовремените пазари во државата.  Одлучивме да го финансираме овој проект бидејќи беше најдобро оценет и доби приоритет во Пелагонискиот регион. Ќе продолжиме со поддршка на Општина Ресен бидејќи добиваме квалитетни и издржани проекти, изјави министерот Милевски.

 

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски истакна дека општината со изградбата на овој капитален проект реши долгогодишен проблем.мт/лв/

Back to top button
Close
Close