Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Република Српска со вето за одлуката за посета на Ѓукановиќ на БиХ

Народното собрание на Република Српска утрово ја поддржа одлуката на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик да стави вето на повикот на другите два члена на Претседателството (Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ) упатен до претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ да ја посети БиХ кон почетокот на март. 

Бања Лука, 27 февруари 2020 (МИА) – Народното собрание на Република Српска утрово ја поддржа одлуката на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик да стави вето на повикот на другите два члена на Претседателството (Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ) упатен до претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ да ја посети БиХ кон почетокот на март.

– Не е момент Мило Ѓукановиќ да дојде во официјална посета на БиХ и мислам дека зад тоа стои секој Србин и православец, изјави Додик вчера, пред денешното гласање во Народното собрание. – Сметам дека таа посета треба да се одложи и тоа прашање повторно да се активира по смирувањето на ситуацијата во Црна Гора….Сметам дека кога се загрозуваат српските национални права врзани за Српската православна црква и нејзиниот идентит во Црна Гора не е најдобар момент на Ѓукановиќ да му се даде медиумска и политичка сцена во политичко Сараево, рече Додик.

По маратонската, десетчасовна седница во Бања Лука, утрово во пет часот одлуката за вето беше усвоена со дветретинско мнозинство, односно 56 пратеници беа „за“, а никој не беше против ниту воздржан.

Пратениците, исто така, усвоија заклучок во кој се наведува дека Спогодбата за статусот на БиХ и ЕУ за дејствување на Фронтекс во најголемиот дел не е спорна за Република Српска, но за РС е неприфатливо да биде усвоена без согласност и учество на Министерството за внатрешни работи на Република Српска. Во друг заклучок се наведува дека се задолжува српскиот член на Претседателството на БиХ да почне нова иницијатива и преговори за склучување Спогодба за статусот меѓу БиХ и ЕУ за дејствувањето на Фронтекс во БиХ, со задолжително мислење и ставови од надлежните органи на РС. ссм/

 

Back to top button
Close
Close