Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Репродуктивната вредност на коронавирусот во Германија се зголеми на дури 2,78

Новите жаришта на коронавирус во Германија придонесоа за нова рекордна вредност на вирусот во таа земја од 2,78. Таканаречената Р-вредност покажува колку едно заболено лице може да зарази други луѓе.

Берлин, 22 јуни 2020 (МИА) – Новите жаришта на коронавирус во Германија придонесоа за нова рекордна вредност на вирусот во таа земја од 2,78. Таканаречената Р-вредност покажува колку едно заболено лице може да зарази други луѓе.

Германија го сведе овој индекс на 0,86, но потоа почна да се зголемува на 1,06, па 1,79 и сега изнесува 2,78, што значи дека еден заболен заразува во просек по 2,78 лица.

Причина за зголемување на вредноста на стапката на зараза се жариштата во концернот „Тенис“, како и во зграда во Гетинген, Берлин и Магдебург.

За заразата да се држи под контрола неопходно е Р-вредноста да биде под 1,0. ссм/

 

Back to top button
Close
Close