Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Репортажа на РАИ 3 за производство на марихуана во Албанија го разлути Рама

Италијанската телевизија РАИ 3, со репортажата во која се наведува дека во Албанија за дури дванаесет пати е зголемено производството на марихуана, го налути албанскиот премиер Еди Рама, кој во острата реакција ова го нарече новинарски срам.

Тирана,28 јануари 2020 (МИА) – Италијанската телевизија РАИ 3, со репортажата во која се наведува дека во Албанија за дури дванаесет пати е зголемено производството на марихуана, го налути албанскиот премиер Еди Рама, кој во острата реакција ова го нарече новинарски срам.

„Синоќешната вест а РАИ 3 дека наводно за дванаесет пати е зголемено одгледувањето канабис во Албанија е новинарски срам, без никаква врска со реалноста која ја следи и сертифицира од самата Гуарда д финанца. Посакувам нашите одлични партнери сами да ја кажат вистината без да губат време”, напиша Рама на Твитер.

Но, опозицијата не е на тоа мислење. Во изјавата за медиумите, потпретседателот на третата по големна партија во земјата,Социјалистичкото движење за интеграција, Петрит Васили и поранешниот пратеник на демократите, Ервин Слиањи, изјавија дека репортажата на РАИ 3 ја „демаскирала пропагандата на Рама“.

Според нив, фактите на РАИ 3 укажуваат на реалната состојба во која се наоѓа земјата и дека владата не успеала во борбата против дрогата и организираниот криминал, што е еден од главните критериуми на Бундестагот за започнување преговори.

-Пропагандата на Еди Рама скапо плаќа и дома и во странство за да ја претстави Албанија како земја во постојани реформи во обид да ги постигне европските стандарди и да му се придружи на европското семејство. Но, репортажата на РАИ 3 го потврдува неуспехот на Рама и фактот дека Албанија и понатаму е Колумбија во Балканот, изјави Слиањи.

Посочи дека Албанија не само што не се бори против организираниот криминал, туку „тој е заштитен од владејачката партија и стана главен играч во меѓународната трговија со наркотици“. вт/сд/

Back to top button
Close
Close