СветСвет.Портал

Репоретери без граници со алатка за проценка на влијанието на Ковид-19 врз новинарството

Репортери без граници (РСФ) ја покренуваат алатка Тракер-19 (Tracker-19) со цел да се согледа и процени влијанието на коронавирусот врз новинарството.

Париз, 31 март 2020 (МИА) – Репортери без граници (РСФ) ја покренуваат алатка Тракер-19 (Tracker-19) со цел да се согледа и процени влијанието на коронавирусот врз новинарството.

Освен тоа, со алатката се очекува да бидат дадени препораки за тоа како да се одбрани правото на инфромирање.

Проектот има за цел да го процени влијанието на пандемијата врз новинарството, како и да се документира државната цензура и намерното дезинформирање, како и нивното влијание врз правото на веродостојни вести и информации, нагласуваат во соопштение Репортери без граници. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close