Дописници МКДОпштински вести

Реновирано училиштето во село Крупиште 

Заврши реконструкцијата на основното училиште во селото Крупиште, Општина Карбинци.  

Штип, 18 Февруари 2021 (МИА) – Заврши реконструкцијата на основното училиште во селото Крупиште, Општина Карбинци.

Според градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев, училиштето има комплетно нов лик, а реконструкцијата беше неопходна поради опожарување на дел од објектот пред две години.

-Финишираше реконструкцијата на училишните простории, кровната конструкција, поставени се нови подни облоги, електрична инсталација, клима уреди, нови санитарни јазли и санирана е влагата, изјави Насев.

Реконструкцијата на училиштето е инвестиција на Министерството за образование и наука, во износ од 3.307.000 денари. вдј/мч/

Back to top button
Close
Close