Некатегоризирано

Реновирано одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип

Реновирано е одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип. Со помош на донации од штипскиот бизнис сектор и средства од болницата инвестирани се околу 20.000 евра.

Штип, 2 декември 2019 (МИА) – Реновирано е одделението за кардиологија во Клиничката болница во Штип. Со помош на донации од штипскиот бизнис сектор и средства од болницата инвестирани се околу 20.000 евра.

По тој повод денеска во посета на болницата беше градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој се сретна со лекарите и медицинскиот персонал. Забележа дека државата во изминатите месеци инвестираше во здарвството, а особено во делот на зголемувањето на платите на лекарите и на медицинскиот и технички персонал.

-Ова е првиот чекор за да ги задржиме младите овде и токму поради тоа се случија овие промени за зголемување на платите и новиот буџет на државата е влог во човечкиот капитал, вели Бочварски.

Забележа дека во изминатите две години во Клиничка болница-Штип, која е од регионален карактер инвестирани се 350.000 евра во нова опрема, со цел потенцијалните 200.000 пациенти имаат квалитетна здравствена услуга.

Кардиологот Сашко Николов вели дека на одделението за kардиологија комплетно е реновиран покривот, инсталацијата, тоалетите за пациентите, бањата која неколку години била надвор од функција, а болничките соби опремени се нови кревети и апарати.

-Со гордост можам дека кажам дека добивме едно ново одделение. Голема благодарност до штипските бизнисмени кои активно и несебично земаа учество во донирање и помагање во секој поглед во организација на овој оддел. Денеска сме подготвени  потенцијалните 200.000 пациенти од источниот регион да ги прифатиме, да ги третираме и лекуваме на ниво на Клиника за кардиологија, вели Николов.

Забележа дека годинава добиле и поголем број средства за материјалите потребни за операции.

– За 2020 година обемот ќе биде зголемен. Ќе биде зголемен и обемот на процедурите, односно ќе бидат воведени нови процедури за отворање на крвни садови на нозе, раце, срце. Имавме интервенција за отварање крвни садови на цревна артерија, рече Николов.

Со новите инвестиции пациентите за кардиолошки интервенции не треба да патуваат за Скопје, бидејќи сите потребни операции се прават во штипската Клиничка болница. На оваа одделение месечно се стентираат меѓу 40 до 50 пациенти, а од 100 до 120 се коронарографии. вдј/рп/

Back to top button
Close
Close