Општински вестиСкопје

Реновирани целосно неупотребливи училници во ООУ „Ѓоргија Пулевски“

Во ООУ „Ѓоргија Пулевски“ во Општина Аеродром целосно се обновени неколку училници. Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава. Тие добија нов под, обновени ѕидови, сосема ново осветлување, како и нови прозорци и врати.

Скопје, 15 март 2021 (МИА) – Во ООУ „Ѓоргија Пулевски“ во Општина Аеродром целосно се обновени неколку училници. Училниците, кои 15 години не се во употреба, деновиве Општина Аеродром прв пат целосно ги реновира од кога е изградено училиштето и наскоро ќе бидат приспособени за настава. Тие добија нов под, обновени ѕидови, сосема ново осветлување, како и нови прозорци и врати.

Градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин денеска изврши увид во реновирањето на училниците.

-Многу е важно да обезбедуваме подобри услови за учениците и да овозможуваме непречено следење на наставата, истакна градоначалникот Марин.

Тој посочи дека во изминатите години редовно се реновираат сите основни училишта, а од неодамна почна изградбата на четири нови училници во ООУ „Лазо Ангеловски“, со што ќе се овозможи укинување на третата смена.

Од Општина Аеродром информираат дека со предвиденото темпо се одвива и изградбата на новиот објект на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче. мд/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close