Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Рено ќе укини 15.000 работни места од кои 4.600 во Франција

Француската автомобилска групација Рено, што е во финансиски потешкотии, најави план за штедење од два милијарди евра во следните три години и укинување на 15.000 работни места, од кои 4.600 во Франција, јави дописникот на МИА

Париз, 29 мај 2020 (МИА) – Француската автомобилска групација Рено, што е во финансиски потешкотии, најави план за штедење од два милијарди евра во следните три години и укинување на 15.000 работни места, од кои 4.600 во Франција, јави дописникот на МИА.

Рено вкупно вработува 48.000 луѓе. Компанијата нема да има директни отпуштања од работа односно ќе има пренасочување, внатрешна мобилност или доброволно заминување.

Вкупно групата Рено, во која се наоѓаат уште четири други марки покрај Рено, Алпин, Дачиа, Лада и Самсунг Моторс, предвидува намалување за осум отсто на своите ефективи во светот.

Синдикатот ЦФДТ, втор синдикат во групацијата Рено, утрово обвини дека планот претставува „социјален крах и деиндустријализација“, заканувајќи се дека ќе ги употреби сите средства за да биде слушнати нивните барања. тг/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close