0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Рено ќе остане во Формула 1 и покрај економските проблеми

Клотилда Делбо, в.д. генерален директор на Рено, соопшти дека производителот на автомобили нема да го укине тимот во Формула 1.

Париз, 29 мај 2020 (МИА) – Клотилда Делбо, в.д. генерален директор на Рено, соопшти дека производителот на автомобили нема да го укине тимот во Формула 1.

Претходно, корпорацијата објави план за заштеда, кој вклучува намалување на околу 15 илјади работни места ширум светот, од кои 4,6 илјади ќе бидат намалени во Франција.

– Потврдуваме дека остануваме посветени на Формула 1. Најавата за нов плафон на трошоците во ова натпреварување е многу корисна за нас, затоа што мора да инвестираме помалку во оваа област од некои наши конкуренти кои трошат многу пари, изјави Делбо.

Формула 1 претходно објави дека почнувајќи од 2021 година, лимитот на трошоците за тимовите ќе биде поставен на околу 145 милиони американски долари, со натамошно намалување во наредните години. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close