БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Рекордно високи температури во Грција

Според податоците од Националната опсерваторија во Атина, во градот Спарта на Пелопонез вчера биле измерени 40,7 степени, а во централна и јужна Грција, како и на островот Крит, температурата била над 39 степени Целзиусови.

Атина, 15 мај 2020 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, во одредени делови на Грција беа измерени рекордно високи температури, кои достигнаа до над 40 степени Целзиусови, јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од Националната опсерваторија во Атина, во градот Спарта на Пелопонез вчера биле измерени 40,7 степени, а во Централна и Јужна Грција, како и на островот Крит, температурата била над 39 степени Целзиусови.

Високите температури несвојствени за месец мај, продолжуваат и денеска и се главната причина плажите кои денеска се отворија во цела Грција, да бидат полни со граѓани. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close