СветСвет.Портал

Рекордни температури во Канбера, пожарите се уште активни

Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба.

Канбера, 2 февруари 2020 (МИА) – Температурите во Канбера го достигнаа рекордот за февруари, соопшти денеска австралиската метеоролошка служба.

– Во главниот град вчера се измери 42,7 степени, што претставува рекорд за февруари кој го надминува оној од 42,2 степени регистрирани во 1968 година. Исто така е трета највисока температура забележана во градот, објави на Твитер метеорологот на Метео Франс, Етјен Капикијан.

Во текот на ноќта во југоисточниот дел на Австралија се уништени десетина домови, а постои опасност од голем пожар во јужниот дел на Канбера и околното место Тарв.

Во пожарите изгореа 55.000 хектари шума и земјоделско земјиште.

Жителите кои се во близина на главното жариште се предупредени. – Утрово пожарите се сè уште активни. Пред нас се денови, а можеби и недели за гасење на пожарите, рече еден официјален претставник, додавајќи дека вонредната состојба ќе остане во сила барем до понеделник. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close