0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Рекордни 61 поен за Лилард

Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард постигна 61 поен на натпреварот со Голден Стејт одигран рано утрово во „Мода центар“. За Лилард ова е личен рекорд по број на постигнати поени. Исто така, овој резултат е рекорд во ефикасност за еден играч во историјата на клубот.

Портланд, 21 јануари 2020 (МИА) – Кошаркарот на Портланд, Демијан Лилард постигна 61 поен на натпреварот со Голден Стејт одигран рано утрово во „Мода центар“. За Лилард ова е личен рекорд по број на постигнати поени. Исто така, овој резултат е рекорд во ефикасност за еден играч во историјата на клубот.

Портланд го доби натпреварот со 129:124 по продолжение.

Лилард за 45 минути поминати на теренот забележа и 10 скока и седум асистенции.

По оваа победа, Портланд е на десеттото место на Западната конференција, додека Голден Стејт на последното, 15. место.

На другите натпревари од НБА лигата играни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Бостон – Лос Анџелес лејкерс 139:107
Минесота – Денвер 100:107
Феникс – Сан Антонио 118:120
Јута – Индијана 118:88. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close