СветСвет.Портал

Рекордни 26.506 нови случаи на Ковид-19 во Индија

Во Индија денеска се регистрирани рекордни 26.506 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица во земјата достигна речиси 800.000.

Мумбај, 10 јули 2020 (МИА) – Во Индија денеска се регистрирани рекордни 26.506 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени лица во земјата достигна речиси 800.000.

Од почетокот на епидемијата починале повеќе од 21.000 луѓе, соопшти Министерството за здравство.

Околу 60 проценти од сите случаи се регистрирани во Њу Делхи и државата Махараштра, каде се наоѓа финансискиот центар Мумбај, како и во државата Тамил Наду.

На почетокот на епидемијата во март, Индија воведе строги рестриктивни мерки, кои беа олеснети на почетокот на јули.

Сепак, властите повторно воведуваат локален карантин на некои места.

Во најмногубројната држава Утар Прадеш полицискиот час ќе биде во сила од петок до понеделник, бидејќи има повеќе од 32.000 заразени лица. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close