Дописници МКДОпштински вести

Рекордна реализација на буџетот на Општина Кочани во првиот квартал на 2020 година

Реализацијата на основниот буџет на Општина Кочани во првиот квартал од 2020 година е со 22 проценти, што е на рекордно ниво во однос на сите изминати години.

Кочани, 30 април 2019 (МИА) – Реализацијата на основниот буџет на Општина Кочани во првиот квартал од 2020 година е со 22 проценти, што е на рекордно ниво во однос на сите изминати години.

На 38. седница на Советот на Општината од Секторот за финансии образложија дека во првите три месеци годинава, даночните приходи се реализирани со 14 отсто, неданочните со 19, а капиталните со 10 отсто. Вкупните приходи од трансфери и донации досега изнесуваат 37 милиони денари.

–  Најважно за првото тримесечје е што капиталните расходи се поголеми од тековно-оперативните, што значи дека во овој период најмногу средства Општината има потрошено за капитални инвестиции. На буџет од 248 милиони денари, ваков процент на реализација досега никогаш не бил остварен. Нѐ очекува период на интензивни градежни активности, бидејќи сите капитални проекти, согласно развојните програми, се во фаза на избран изведувач и за најголем дел од нив реализацијата треба да биде до средината на годинава, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

Советот на Општина Кочани ги испочитува мерките и препораките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот, поради што седницата ја одржа во салата на Спомен-домот „АСНОМ“. Советниците седеа на пропишаната оддалеченост од два метра и носеа заштитни маски.

На седницата беа проширени плановите за јавни набавки и развојните програми, a се усвои и одлуката да се издвојат 1,5 милион денари како сопственото учество во проектот „Планински велосипедски рај“, што ќе се реализира на Осоговските Планини. та/мс/

Back to top button
Close
Close