0_Магазин.ПорталАвтомобили

Рекордна продажба на електрични возила на Киа годинава во Европа

Продажбата на електровозила, во таа смисла, е зголемена за 18 отсто (44.894 продадени возила, во одноос на 38.173 возила истиот период лани). Тука спаѓа и сѐ поголемата понуда на лесни хибриди (МХЕВ), класични хибриди (ХЕВ), „плаг-ин“ хибриди (ПХЕВ) и електрични возила (ЕВ).

Сеул, 27 јули 2020 (МИА) – Јужнокорејскиот производител на автомобили, Киа Моторс во првата половина од годинава, и покрај корона-кризата, забележа рекордна продажба на хибридни и електрични возила во Европа, соопштија од компанијата.

Продажбата на електровозила, во таа смисла, е зголемена за 18 отсто (44.894 продадени возила, во одноос на 38.173 возила истиот период лани). Тука спаѓа и сѐ поголемата понуда на лесни хибриди (МХЕВ), потоа – класичните хибриди (ХЕВ), „плаг-ин“ хибриди (ПХЕВ) и електрични возила (ЕВ).

Така, сега 25,2 отсто од пазарот на електромобили во Европа, ѝ припаѓа на Киа, што е раст за 3,5 отсто.

Според Европското здружение на произведувачи на автомобили (АЦЕА), Киа во Европа во првите шест месеци годинава продале 178.392 возила, што е, сепак, за 33,5 отсто помалку од истиот период лани. Тогаш јужнокорејската компанија продала рекордни 268.305 возила.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close