0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Рекордна 350. победа на грен слем турнирите за Серена Вилијамс

Серена Вилијамс, поранешниот прв светски рекет во женска конкуренција, во првото коло на Австралија опен ноќеска ја совлада 18-годишната Анастасија Потапова со 6:0 и 6:3 за 58 минути. За Американката ова е 350-та победа во натпревари на грен слем турнири.

Мелбурн, 20 јануари 2020 (МИА) – Серена Вилијамс, поранешниот прв светски рекет во женска конкуренција, во првото коло на Австралија опен ноќеска ја совлада 18-годишната Анастасија Потапова со 6:0 и 6:3 за 58 минути. За Американката ова е 350-та победа во натпревари на грен слем турнири.

Вилијамс е женски тениски рекордер во овој индикатор. На второто место е Мартина Навратилова, која победи на 306 натпревари.

Серена го направи своето деби на Австралија опен во 1998 година. Таа има победи на мечевите на овој турнир во текот на четири различни децении.

Во машка конкуренција Роџер Федерер е рекордер на грен слем турнирите со 357 победи. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close