ЕвропаЕвропа.Портал

Рекорден број новозаразени во Ирска за еден ден

Во Ирска во последните 24 часа се регистрирани 85 заразени лица со коронавирус, што претставува рекорден број на нови случаи од 22 мај, соопшти ирското Министерство за здравство.

Даблин, 31 јули 2020 (МИА) – Во Ирска во последните 24 часа се регистрирани 85 заразени лица со коронавирус, што претставува рекорден број на нови случаи од 22 мај, соопшти ирското Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата во земјата се потврдени 26.027 заразени случаи и 1.763 починати.

– Денешните бројки покажуваат колку брзо Ковид-19 може да „воскресне“ во некоја земја. Во текот на следните денови е од големо значење луѓето да продолжат да избегнуваат масовни собирања, да одржуваат физичка дистанца, да носат маски и редовно да мијат раце, истакна ирскиот лекар Ронан Глин, додавајќи дека сега е клучен момент за одговор на коронавирусот.

Според него, „Ковид-19 е исклучително заразен и никој не е имун, затоа треба да се следат советите на здравствените работници и да се биде внимателен“.

Главниот ирски епидемиолог Филип Нолан укажа дека Ирска за само два дена од релативно стабилна епидемиолошка ситуација се случи да забележи значаен број на заразени лица. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close