0_Web_АктуелноSvet.SlajderСветСвет.Портал

Рекорден број новозаразени во еден ден во САД – 74.500

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-би-си.

Вашингтон, 17 јули 2020 (МИА) – Во последните 24 часа во САД се потврдени нови 74.500 случаи на коронавирус, што претставува најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Според универзитетот „Џон Хопкинс“, вкупниот број на пациенти сега е зголемен на повеќе од 3.570.000, пренесува Би-би-си.

Како што се наведува, зголемувањето на бројот на нови случаи е забележано во 30 американски сојузни држави.

Во последните 24 часа од вирусот починаа околу 1.000 луѓе или досега вкупно над 138.000. сд/

Back to top button
Close
Close