Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на железничкиот премин кај Стар мост во Велес

Во Велес во тек втората фаза од  реконструкцијата на одводната атмосферска коловозна решетка на улицата „Димко Најдов“ кај Стар мост.

Велес, 26 март 2020 (МИА) – Во Велес во тек втората фаза од  реконструкцијата на одводната атмосферска коловозна решетка на улицата „Димко Најдов“ кај Стар мост. Проектот го реализира општина Велес во соработка со ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, а со цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на оваа фреквентна раскрсница, во непосредна близина на градскиот пазар.

Како што информираат од Општина Велес ,со реализацијата на оваа втора фаза која се очекува да се реализира до 30 март, ќе се подобри патната инфраструктура, ќе се санираат проблемите и ќе се олесни протокот на возила и пешаци во овој дел од градот.

Тие појаснуваат дека  предвидените градежни активности на одводната атмосферска коловозна решетка се изведуваат согласно изготвен и одобрен Основен сообраќаен проект за времена измена на режим на сообраќај.

Општина Велес ја информира јавноста дека за време на изведување на  градежните зафати овие денови е  применет времен режим на сообраќај со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и наизменично пропуштање на возилата од спротивната насока. ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close