Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на училници, тоалети и нови грејни тела во двете згради на кумановското средно училиште „Перо Наков“

Почна поставувањето на радијатори во 15 училници во зградата на средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово, информираа денеска надлежните од училиштето. Во овој објект кој се наоѓа во поранешната касарна во населбата Бедиње и каде настава следат ученици на албански наставен јазик се реновираа и тоалетите кои ги користат и учениците и наставниците.

Куманово, 10 септември 2020 (МИА) – Почна поставувањето на радијатори во 15 училници во зградата на средното стручно училиште „Перо Наков“ во Куманово, информираа денеска надлежните од училиштето. Во овој објект кој се наоѓа во поранешната касарна во населбата Бедиње и каде настава следат ученици на албански наставен јазик се реновираа и тоалетите кои ги користат и учениците и наставниците.

– Со реконструкцијата на тоалетите, поставувањето на радијаторите се надеваме дека значително ќе се подобрат условите за следење на наставата. Со санацијата на тоалетите ќе се подобри хигиената, а со новите радијатори ќе се подобри загревањето на просториите-изјави директорката на училиштето, Мила Жибак.

Во главната зграда на средното стручно училиште „Перо Наков“ се реновираат две училници кои претходно не се употребувале. Училниците се преградуваат, ќе добијат соодветна изолација, се менуваат прозорците и вратите и таму, ќе се постават нови радијатори.

Во средното стручно училиште „Перо Наков“ настава следат околу 800 средношколци на македонски и албански наставен јазик. ам/ац/

Back to top button
Close
Close