Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на покривот на ЈПКД „Тополка“ во Општина Чашка

Со средства од буџетот на Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Тополка“ во висина од 250 илјади  денари, комплетно е сменет и реконструиран покривот на зградата на јавното претпријатие во Општина Чашка.

Велес, 10 март 2020 (МИА) Со средства од буџетот на Јавното претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) „Тополка“ во висина од 250 илјади  денари, комплетно е сменет и реконструиран покривот на зградата на јавното претпријатие во Општина Чашка.

Како што информира градоначалникот на Општина Чашка Горан Стојановски, се замени стариот и дотраен покрив од лесонитни табли, а се поставени нови табли од профилиран лим. Градежните работи ги изведуваше фирмата ДЕЛТА ПРОМ.

Градоначалникот Стојановски најави дека вакви проекти за реконструкција на јавни објекти ќе продолжат и во наредниот период. ад/мд/

Back to top button
Close
Close