0_Македонија.Портал0_Спорт.ПорталСпорт

Реконструкција на пливачкиот базен во Струга до крај на годината

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски најави дека до крај на годинава ќе биде реконструиран пливачкиот базен во Струга.

Скопје, 2 февруари 2020 (МИА) – Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски најави дека до крај на годинава ќе биде реконструиран пливачкиот базен во Струга.
– Со проектот ќе се создаде нов, современ, идеално димензиониран, енергетски ефикасен објект. Ова ќе значи поттикнување и развој на пливањето како спорт, зголемување на квалитетот на образованието, здрави навики од најмала возраст и можност за рекреација на граѓаните од Струга, рече Каевски на прес-конференција во Струга.
Според него, поради ненаменско трошење на средствата, години наназад, состојбата која ја затекнале на терен била алармантна.
-Затекнавме состојба на објект кој беше целосно руиниран и пред распаѓање. Од постоечката состојба тешко е да се препознае дека некогаш тој претставувал еден од најубавите базени во нашата држава и центар на водните спортови. Поради неводење грижа за одржување подолг временски период, речиси една деценија комплексот е нефункционален. Поради ненаменско трошење на средствата години наназад, затекнавме спортски објекти кои пропаѓаат, игнорирање на потребите на спорт и целосна стагнација во спортот, наведе Каевски.
За 2,5 години, дополни, е направен пресврт во политиките кои значат враќање на спортот на посакуваното ниво.
– Запуштените објекти ги ставаме во функција. Инвестираме во развој на спортската инфраструктура, што значи грижа за постоечките и изградба на нови објекти од ваков тип низ целата држава. Покрај целосна и темелна реконструкција и враќање во полн сјај на базенот во Струга, преку нов капитален проект започнавме со изградба на шест нови школски базени во уште шест општини. Изградивме 10 спортски фитнес зони, поставивме седум монтажни лизгалишта во зимскиот период, а во годинава  започнуваме и со изградба на 10 баскет игралишта. Четирикратно ги зголемивме средствата во спортот. Во споредба со 2016 година кога за спортот биле одвоени 60 милиони денари, во 2019 година  се вложени 244 милиони денари, нагласи Каевски.лв/

 

Back to top button
Close
Close