Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на патот од Тетово до Сараќино со шеснаесет милиони денари од Бирото за регионален развој

Со средства на Бирото за регионален развој ќе се врши реконструкција на патот од Тетово до Сараќино, информираа од Општина Тетово. Договор за овој проект денес потпишаа градоначалничката и директорот на Бирото, Рамиз Реџепи.

Тетово, 16 јуни 2021 (МИА)-Со средства на Бирото за регионален развој ќе се врши реконструкција на патот од Тетово до Сараќино, информираа од Општина Тетово. Договор за овој проект денес потпишаа градоначалничката и директорот на Бирото, Рамиз Реџепи.

-Со Бирото за регионален развој го потпишавме договорот за реконструкција и изградба на патот Тетово-Сараќино во вредност од 16,5 милиони денари. Инвестицијата целосно е обезбедена од Бирото за регионален развој. Проектот е направен од општина Тетово и се создава добра можност селата од тој регион подобро да бидат поврзани меѓусебе, истакна градоначалничката Теута Арифи.

Таа најави ќе почне уште еден проект за рехабилитација на парк во градот, проект кој ќе биде финансиран од Бирото за регионален развој, а ќе го спроведува Центарот за полошки плански регионален развој.ас/ир

Back to top button
Close
Close