Општински вестиСкопје

Реконструкција на партерот кај пазарчето во Карпош

Почна реконструкцијата на платото меѓу зградите на улицата „Московска“, во близина на пазарчето Тафталиџе.

Скопје, 28 јули 2021 (МИА) – Почна реконструкцијата на платото меѓу зградите на улицата „Московска“, во близина на пазарчето Тафталиџе.

Општина Карпош информира дека во тек е реконструкција на партерниот дел, кој е со површина од околу 700 метри квадратни, каде старата и оштетената бетонска подлога ќе се замени со бекатон плочки.

На овој начин, како што се наведува, ќе се подобри пристапноста во овој дел од Карпош, кој е прилично фреквентен и каде работат повеќе маалски продавници и маркети.

Покрај инфраструктурата, предвидена е изведба и на нови сливници, низ кои се апсорбира водата од теренот. Овие градежни активности се очекува да завршат до крајот на летото и за таа цел се одвоени околу 1.150.000 денари, средства од Буџетот на општина Карпош.

Во текот на минатата година, општина Карпош целосно го раззелени и овој дел меѓу зградите. Беа засадени нови висококвалитетни дрвја, украсни растенија, а беше поставен и нов систем за наводнување.

Од Општина Карпош апелираат жителите кои живеат во околните згради, како и другите минувачи, да имаат разбирање и трпение додека траат инфраструктурните активности. мд/са/

Таг
Back to top button
Close
Close