Дописници МКДОпштински вести

Реконструкција на кровот на ОУ „Гоце Делчев“ во Виница

Во основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница денеска почна проект за реконструкција на кровот, за што локалната самоуправа обезбеди грант од над 9,3 милиони денари од Министерството за образование и наука.

Виница, 5 мај 2020 (МИА) – Во основното училиште „Гоце Делчев“ од Виница денеска почна проект за реконструкција на кровот, за што локалната самоуправа обезбеди грант од над 9,3 милиони денари од Министерството за образование и наука.

Со проектот е предвидено да се отстранат старите азбестни плочи и на нивно место да се постави нов лимен кров со термички изолатор со дебелина од 15 сантиметри и пластична фолија.

-Санацијата на кровната конструкција во училиштето се реализира во соработка со ресорното министерство преку проектот „Изградба и опремување на 15 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта“. Притоа ќе се обнови површина од околу 2.200 квадратни метри на објектот и ќе се обезбеди соодветна хидротермичка изолација. Со тоа ќе се спречи протекувањето на стариот кров и оштетувањето на внатрешните простори во оваа образовна институција, истакна градоначалникот на Виница, Ивица Димитров.

Изведувач на реконструкцијата е компанијата „Изградба комерц“ од Скопје која има обврска градежните работи да ги заврши во период од три месеци.

ОУ „Гоце Делчев“ е изградено пред триесетина години и досега немало поголеми зафати за реконструкција. Заедно со подрачните објекти во селата Истибања и Јакимово во него настава посетуваат околу 600 ученици.та/ир

Таг
Back to top button
Close
Close