Општински вестиСкопје

Реконструкција на фекална канализација во дел од Козле

Општина Карпош започна со реконструкција на фекална канализација на крак од улицата „Миле Поп Јорданов“ број 14.

Скопје, 4 август 2021 (МИА) – Општина Карпош започна со реконструкција на фекална канализација на крак од улицата „Миле Поп Јорданов“ број 14.

Како што информираат од локалната самоуправа, врз основа на барањето на граѓаните од овој дел од Карпош, се реконструира постоечката фекална канализација во должина од 65 метри и се врши зголемување на внатрешниот профил на цевки Фи 500.

Работите ќе траат15 дена, а изведувач на градежните работи е фирмата „Елин-Билд Компани“. ар/са/

Таг
Back to top button
Close
Close