Општински вестиСкопје

Реконструирани уште две улици во Бардовци

Обновени се уште два краци од улицата „14“  во населеното место Бардовци. Едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3.20 метри, а другиот крак е со должина од 29 метри и ширина од 4 метри, информираат од општина Карпош.

Скопје, 21 мај 2020 (МИА) – Обновени се уште два краци од улицата „14“  во населеното место Бардовци. Едниот крак е со должина од 73 метри и ширина 3.20 метри, а другиот крак е со должина од 29 метри и ширина од 4 метри, информираат од општина Карпош.

-Овие градежни активности на локалната самоуправа се во насока на развој на руралните делови и нивна планска урбанизација, а со ова Општина Карпош продолжува со реконструкцијата на улици во населеното место Бардовци, велат од општината.

Во изминатиот период, локалната самоуправа изврши санација на повеќе улици во Бардовци и тоа: крак од ул. „19“, крак од улица „20“, крак од улица „18“ и крак од ул. „4“.

-На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства, а се зголемува и безбедноста за движење на сите учесници во сообраќајот. Општината продолжува да инвестира во одржување на постоечката инфраструктура, но и во развој на периферните делови од Карпош, истакнуваат од оваа единица на локалната самоуправа.ир/скс/

 

 

 

Таг
Back to top button
Close
Close