Дописници МКДОпштински вести

Реконструиран подот на спортската сала во училиштето „Илинден” во Крива Паланка

Заврши реконструкцијата на спортската сала во основното општинско училиште „Илинден" во Крива Паланка, каде е поставена нова подлога по четири децении од изградбата на оваа воспитно-образовна институција.

Крива Паланка, 2 јули 2021 (МИА) – Заврши реконструкцијата на спортската сала во основното општинско училиште „Илинден” во Крива Паланка, каде е поставена нова подлога по четири децении од изградбата на оваа воспитно-образовна институција.
Марица Николовска, директорката на ООУ Илинден, Крива Паланка изјави дека проектот за реконструкција на спортската сала е завршен, извршено е отстранување на постојната дотраена подлога која не беше обновена од 1970-те години, кога е изградена училишната зграда.
-Поставена е нова, гумирана подлога со која комплетно е променет ликот на на теренот. Со инвестиција 2.5 милиони беше направено и молерисување на дел од салата, поставени се нови реквизити за ракомет и одбојка, со што салата е комплетно опремена за сите спортови, додаде Николовска.
– Со Општината одобрен ни е проектот аплициран до Министерството за образование и наука за замена на  целокупната столарија, соблекувални, адаптација на соблекувалнитри тоалетите за лица со попреченост. Проектот е одобрен, се чека завршувањето на сите процедури по што ќе отпочнат активности на терен, дополни Николовска.
Со истиот проект над спортската сала ќе биде направена интервенција и на кровната конструкција.
Посета на училиштето и увид на реконструираната сала извршија денеска вицепремиерот за антикорупција, Љупчо Николовски и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.ид/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close