Општински вестиСкопје

Реконструиран крак од улицата „4“ во Бардовци

Целосно е реконструиран кракот од улицата „4“, во Бардовци во должина од 150 метри. Обновата на оваа улица, како што соопштија општинските власти, е во рамки на дванаесетте улици кои етапно ќе се санираат во Бардовци.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Целосно е реконструиран кракот од улицата „4“, во Бардовци во должина од 150 метри. Обновата на оваа улица, како што соопштија општинските власти, е во рамки на дванаесетте улици кои етапно ќе се санираат во Бардовци.

Сите 12 улици се во должина од 969 метри и повеќе години беа во руинирана состојба.

-Општина Карпош продолжува да ја унапредува инфраструктурата и во периферните делови, кои долго време делуваа отсечено од урбаното јадро. На овој начин се олеснува пристапот за повеќе домаќинства од овој дел на Карпош, соопшти Општината.

За оваа година, локалната самоуправа одвои 10 милиони денари од Буџетот за реконструкција на улици.бт/скс/

Таг
Back to top button
Close
Close