Општински вестиСкопје

Реконструиран и осветлен патот кон излетничкото место „Три круши“ во Драчево

Осветлен патот, кој води кон познатото излетничко место „Три круши“ во село Драчево, информираат од општина Кисела Вода.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Осветлен патот, кој води кон познатото излетничко место „Три круши“ во село Драчево, информираат од општина Кисела Вода.

Претходно патот беше реконструиран, а сега се поставени 23 нови столба со светилки.

Општина Кисела Вода асфалтираше 660 метри во должина, а на два краци од патот, кои водат до куќите на жителите, во должина од 220 метри постави павер елементи.

-Со ова, на граѓаните им е овозможено лесно и безбедно да стигаат до своите домови, до црквата „Св. Петка“, а и до нивната омилена локација за пикник, велат од општината. ир/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close