Оригинални текстови

РЕК Битола: Постапката е водена согласно сите законски процедури

РЕК Битола ги демантира сите наводи изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Скопје, 11 март 2019

РЕК Битола ги демантира сите наводи изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.

Постапката за која зборуваше опозицискиот портпарол е водена согласно сите законски процедури. Станува збор за отворена постапка која завршила со е – аукција – факт што автоматски ја исклучува можноста за преговори со заинтересираните економски оператори, односно во жаргонот на ВМРО – ДПМНЕ, за договор во четири очи.

Условите и критериумите за набавка на услуга или стока, не ги пропишува Васко Ковачевски како директорот на Подружницата, туку Техничка комисија и Комисија за јавни набавки, составени од стручни лица вработени од РЕК Битола, а согласно потребите на комбинатот и согласно законските начела.

РЕК Битола ги повикува сите надлежни институции да ги испитаат злонамерните инсинуации на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа ќе биде најдобар одговор на т.н. сомнежи за криминал и потврда за одговорното работење во РЕК Битола.

На крај, РЕК Битола бара Димче Арсовски и ВМРО – ДПМНЕ да се извинат за лагите изнесени од страна на портпаролот Димче Арсовски. Во спротивно, ќе ги преземе сите мерки за заштита на честа и угледот на вработените и Комбинатот РЕК Битола во целина.

РЕК Битола

____________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close