Дописници МКДОпштински вести

Регулацијата на коритото на Сува Река дава првични резултати

Резултатите од уредувањето на коритото на Сува Река кај Гевгелија, кое се наоѓа во завршна фаза, веќе станаа видливи по неодамнешните обилни врнежи од дожд по кои надојдената вода се влеваше во каналите наместо да се разлева и поплавува како порано.

Гевгелија,7 април 2020 (МИА) – Резултатите од уредувањето на коритото на Сува Река кај Гевгелија, кое се наоѓа во завршна фаза, веќе станаа видливи по неодамнешните обилни врнежи од дожд по кои надојдената вода се влеваше во каналите наместо да се разлева и поплавува како порано.

Во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка со Грција,како водечки парнер, Општина Гевгелија и јавното комунално претпријатие ,,Комуналец“, проектот за регулација на Сува Река го реализира со универзитетот ,,Аристотел“ од Солун и претпријатијата за водовод и канализација од општините Пеонија и Халкидона.

– Најголем дел, односно 80 отсто од инфраструктурниот дел на проектот во Гевгелија се веќе реализирани. Најкритичниот дел од коритото на реката, во должина од 600 метри, е регулирано со поставување на каскади за ублажување на притисокот на водата и заштитни ѕидови со гамбиони, рече градоначалникот Сашо Поцков и напомна дека од првата фаза останува да се уреди уште влезниот дел од коритото.

По барање на партнерите, последниот рок за реализација на проектот е пролонгиран до декември 2020 година. Општина Гевгелија за овој проект од фондовите на ЕУ доби 516.500 евра, а ,,Комуналец“ доби 127.000 евра за лабораторија и набавка на опрема за следење на квалитетот на водата. им/оџ/

Back to top button
Close
Close