0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталОпштество

Регистрирани 163 нови случаи на заразени со Ковид -19, од кои 70 во Скопје

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 163 заразени лица со Ковид-19, оздравени се 40 пациенти, а починаа три лица. Спроведени се 1.074 тестирања, соопштија од Министерството за здравство.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 163 заразени лица со Ковид-19, оздравени се 40 пациенти, а починаа три лица. Спроведени се 1.074 тестирања, соопштија од Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните најмногу се регистрирани во Скопје, 70 лица, во Куманово-2, Дебар-6, Штип-14, Прилеп-2, Тетово-25, Струга-4, Велес-2, Битола-1, Охрид-9, Кавадарци-3, Гостивар-11, Струмица-1, Крива Паланка-2, Кочани-3, Свети Николе-4, Ресен-4.

Од 40-мината оздравени, шест се од Скопје, еден од Куманово, од Штип-16, Прилеп-1, Тетово-9, Велес-2, Битола-1, Гостивар-2, Кочани-1 и Ресен – едно лице.

– Во ГОБ „8 Септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83г) хоспитализирана на 23 јуни, информираат од Министерството за здравство.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 2800, активни 1862
• Куманово 725, активни 269
• Дебар 89, активни 37
• Штип 304, активни 182
• Прилеп 242, активни 21
• Тетово 628, активни 371
• Струга 193, активни 111
• Велес 173, активни 30
• Битола 45, активни 15
• Охрид 140, активни 116
• Кавадарци 14, активни 8
• Гостивар 102, активни 61
• Гевгелија 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 14, активни 10
• Крива Паланка 15, активни 9
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 66, активни 29
• Пробиштип 14, активни 9
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 1
• Свети Николе 24, активни 22
• Кичево 16, активни 12
• Ресен 89, активни 85
• Неготино 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се двајца пациента. Вкупно се хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 46 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани пет деца позитивни и сомнителни на ковид и 15 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 144 пациенти. На респираторна машина се седум пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.см/скс/

 

Back to top button
Close
Close