Дописници МКДОпштински вести

Регистриран нов позитивен на Ковид-19 во Маврово и Ростуше

Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, регистриран е еден нов случај. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека тестот на лице, жител на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19.

Гостивар, 10 јуни 2020 (МИА) – Со последните тестирања за откривање на новоинфицирани со коронавирусот во гостиварскиот регион, регистриран е еден нов случај. Од меѓуопштинскиот кризен штаб потврдија дека тестот на лице, жител на општина Маврово и Ростуше е позитивен на Ковид-19.

Во најмалубројната гостиварска општина, по речиси двонеделна пауза, повторно беа регистрирани нови случаи на инфицирани со коронавирусот. Со последниот, вкупно четири лица од оваа општина се заболени.

До денеска вкупниот број активни случаи во гостиварскиот регион достигна 31. Во општина Гостивар активни се 14, а во Врапчиште 13.

Од почетокот на пандемијата, во гостиварско направени се 493 тестирања, а кај 52 лице имало позитивни резултати на Ковид-19. Од нив 24 се во Гостивар, 22 во Врапчиште и шест во Маврово и Ростуше. Како последица од инфицирање со коронавирусот починаа три лица. За излекувани се водат 18 пациенти. згм/рп/

Back to top button
Close
Close