Дописници МКДОпштество

Регионалниот центар за гранични работи Исток и делчевскиот Здравствен дом со зајакнати мерки ја следат ситуацијата со Корона вирусот

Делчевскиот здравствен дом со внимание ги следи препораките за ситуацијата со Корона вирусот и мерките на претпазливост кои налагаат одредени дејствија согласно последниот состанок на Владата. Во моментов напатствија од Министерството за здравство за конркретно делување на делчевската здравствената установа во таа насока не се забележани, но сепак поради тоа што Делечво е град кој од соседна Бугарија е оддалечен на само неколку километри од здравствениот дом во Делчево по денешниот состанок на колегиумот ќе се зајакнат мерките за подобрување на хигиената во установата.

Делчево, 26 февруари 2020 (МИА) – Делчевскиот здравствен дом со внимание ги следи препораките за ситуацијата со Корона вирусот и мерките на претпазливост кои налагаат одредени дејствија согласно последниот состанок на Владата. Во моментов напатствија од Министерството за здравство за конркретно делување на делчевската здравствената установа во таа насока не се забележани, но сепак поради тоа што Делечво е град кој од соседна Бугарија е оддалечен на само неколку километри од здравствениот дом во Делчево по денешниот состанок на колегиумот ќе се зајакнат мерките за подобрување на хигиената во установата.

-Напаствија од Министерството за здравство за нашиот здравствен дом се уште немаме, но ги очекуваме. Тоа не значи дека нема напатствија на ниво на општина од Министерството за здравство, па затоа ние веќе преземаме тоа што е во наша надлежност. После состанокот што го одржа Владата веќе се дефинирани насоките за однесување на центрите за јавно здравје во однос на здравството, пограничната полиција и другите институции во општината. Ние сме на 10 километри од границата со Бугарија и промет на патници има нон-стоп, заради тоа веќе преземавме одредени мерки, а после стручниот колегиум уште повеќе ќе ги зајакнеме мерките во она што треба да правиме и тоа што е во наша надлежност, вели д-р Марија Глигоровска, раководител на Здравствениот дом.

Ние во Здравствениот дом, додава, покрај редовните правиме и посебни вонредни мерки на дезинфекција, особено на тоалетите кои се користат од страна на пациентите.

-Ударен тоалет е пред лабораторијата во здравствената установа, кој постојано се чисти. Таму е најпрометно се дава урина на анализа и затоа и досега и во моментов постојано се чисти. Тука апелираме до граѓаните помалку да го користат и да носат мамрамчиња, бидејки иако постојано се чисти, некогаш има и над 150 пациентите и при допир со квака подложноста на инфекцијата е најголема. Истото се однесува и на Итната медицинска помош, каде откако сум раководител на Здравствениот дом, возилата никогаш не ги носиме во перална туку постојано ги дезинфицираме, исто така и покрај тоа што имаме опрема медицинска во возилата, имаме константно чисти чаршафи, ќебиња кои се за една употреба и тука можат да бидат мирни, вели Глигоровска.

Зборувајки за Корона вирусот Глигоровска додава дека дезинфекцијате е мошне важна за избегнувањето близок контакт со лице кое е заразено.

-Дезинфекцијата во моментот е мошне важна, бидејки Корона вирусот е еден тип на тежок грип, капкаста инфекција која се пренесува преку воздух. Кога ќе се искива пациентот или искашла може да се дојде во директен контакт и затоа треба да се избегнува близок контакт со пациентот. Исто така на површините каде ќе се искашла пациентот, останува вирусот од капките, со тоа што ако се фати друг човек со рака и потоа се фати за очи или за уста, вирусот веднаш се пренесува. Заради треба тие површини да се чистат, односно рацете секогаш треба да се мијат со сапун со топла вода. Тоа е основна заштита која треба народот да ја користи, посочува Глигоровска.

Симптомите, додава, се слични за грип, меѓутоа при сомнение за потешка форма на грип, се прават посебни анализи за присуство на Корона вирусот.

-Корона вирусот е смртоносен, но и обичниот грип може да биде смртоносен особено за хронични болни, заради тоа ние правиме кампањи за вакцинација против обичниот грип. Тоа се докажува во посебни лаборатории, така што пациентот може да има во себе Корона вирус, но да нема во себе симптоми ако организмот има добар имунитет, потенцира Глигоровска.

Имајки предвиде дека голем дел граѓани од Делчево се на привремена работа во Италија, во однос на патниците кои ќе доаѓаат од Италија порачува дека ќе се следат препораките на Владата која строго регулира каде пациентите може да влезат.

-Центрите за јавно здравје во таа насока имаат строги напатствија кои треба да ги почитуваат. Иако ние не сме надлежни за сите патници кои доаѓаат од Италија, јас остварив контакт со Граничната полиција, при што им укажавме дека сме подготвени да им помогнеме со кадар и возила доколку има потреба за тоа. Имаат посебни напатствија како да им помагаат на пациентите, бидејќи сомнителните случаи не се пуштаат од Италија.Не се очекува голем наплив на патници за Велгиденските празници, не верувам дека ќе дозволи самата Италија, а и ние имаме посебни мерки за тоа, така што оние кои ќе добијат посебни дозволи да патуваат ќе имаат и напатствија како и да се однесуваат, додполни Глигоровска.

Според неа, засега нема никакви проблеми во однос на појавата на Корона вирусот, не очекува да има проблем со вирусот ако не дај боже нешто се случи.  Од Здравствениот дом во Делчево остануваат отворени за било каква информација за појавата со новиот вирус.

-За нас е најважно да проодлжи добрата комуникација и соработката со Центарот за јавно здравје, Граничната полиција и други институции во општината, бидејки Делчево како погранично место е многу блиску до границата со соседна Бугарија, тука поминуваат секакви луѓе кои може да бидат без симптоми, а да го имаат во себе Корона вирусот, тоа може да создаде инфекција. Затоа ќе се придржуваме кон справување со овој проблеми. Очекуваме да добиеме понатамошни инструкции ако не дај боже се случи и кај нас да имаме пациенти со овој вирус, така што ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму работите, додава Глигоровска.

Влатко Калаџиски, комадир во Регионалниот центар за гранични работи Исток во телефонски разговор за МИА вели дека граничната служба врши зајакнати гранични проверки, преку делење флаери и засилено профилирање на сите патници кои доаѓаат од Италија.

-Ова особено важи за патници кои престојувале во Северна Италија, како и патници кои доаѓаат од држави кои веќе се зафатени со вирусот. Како гранична служба во делот на препораките од Центарот за јавно здравје со кого имаме редовен контакт, акцентот на проверка на патниците кои поминуваат на граничниот премин Делчево е во делот на здравствени проблеми, како покачена тепмпература, респираторни симптоми, отежнато дишење, кашлица и кивање, вели Калаџиски.

Од Регоналниот центар, потенцира, апелираме патниците да се придружуваат кон насоките на Министерството за здравство и доколку забалежат било какви симптоми од горенаведените веднаш да побараат лекарска помош. вс/вј/

Back to top button
Close
Close