0_Македонија.ПорталПолитика

Регионален форум за Западен Балкан и Турција за граѓанско општество

Во организација на проектниот тим на EУ TAKCO 3 поддржан од Европската Унија со цел унапредување и зајакнување на капацитетите и улогата на граѓанските организации, денеска во Скопје ќе се одржи Регионален форум за Западен Балкан и Турција за граѓанско општество. 

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Во организација на проектниот тим на EУ TAKCO 3 поддржан од Европската Унија со цел унапредување и зајакнување на капацитетите и улогата на граѓанските организации, денеска во Скопје ќе се одржи Регионален форум за Западен Балкан и Турција за граѓанско општество. 

На Форумот во Скопје ќе учестваат претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна МакедонијаЦрна Гора, Србија и Турцијакако и високи претставници од Европскaта Комисиja и од јавните институции

Форумот ќе го отворат Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија  во земјава, Калинка Габер, државен секретар во Секретаријатот за европски прашања и Ѓеоргиос  Хацијангу, регионален директор за Југоисточна Европа на „ГДСИ Лимитед”.

Главните цели на Форумот се презентирање на резултатите од извештајот за „Проценка на состојбата за созадавање на  подобра средина и капацитетите на граѓанското општество наспроти Упатството за  Европска Унија  за Ѓраѓанското општество во земјите за проширување, презентација на структурата на претстојниот Инструмент за Прет-Пристапна Помош (ИПА 3)  во периодот 2012-2027 и идната поддршка на ЕУ за граѓанското општество, како и започнување на процесот на утврдување на новите Упатства за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот за  проширување 2021-2027, соопштуваат организаторите на Форумот. 

Регионалниот Форум претставува стартен настан на двегодишниот проект на ЕУ ТАКСО 3 со седиште во Скопје, и официјално ќе ги одбележи интензивните активности на проектот од почетокот на  јануари 2019. сст/дма/

Back to top button
Close
Close