Дописници МКДОпштински вести

Редуциран линиски превоз во Куманово наредните две недели

Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина и природа од Општина Куманово ги информира граѓаните дека согласно актуелната состојба со коронавирусот на територија на Република Северна Македонија, од утре во наредните две недели општинскиот линиски превоз на патници на територија на општина Куманово ќе се одвива по редуциран возен ред, односно возен ред кој важи за време на зимскиот и летниот училишен распуст, како една од мерките препорака за превенција за ширење на вирусот. 

Куманово, 11 март 2020 (МИА) – Сектор за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина и природа од Општина Куманово ги информира граѓаните дека согласно актуелната состојба со коронавирусот на територија на Република Северна Македонија, од утре во наредните две недели општинскиот линиски превоз на патници на територија на општина Куманово ќе се одвива по редуциран возен ред, односно возен ред кој важи за време на зимскиот и летниот училишен распуст, како една од мерките препорака за превенција за ширење на вирусот.

Претходно заседаваше и Општинскиот кризен штаб кој меѓу препораките за целосно почитување на насоките на надлежните институции, препорача и дезинфекција на училишта, градинки, како и редуциран линиски превоз. ам/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close